Колашинац слета во Италија, лекарски прегледи па потпис со новиот клуб

Репрезентативецот на БиХ, Сеад Колашинац, кариерата ќе ја продолжи во дресот на Аталанта, откако левиот бек постигна договор со калчолигашот од Бергамо. Впрочем, тој утрово пристигна во Бергамо и веднаш се упати на лекарски прегледи, по што се очекува да следи и потпис на договорот и промоција како големо засилување за овој тим.

Колашинац доаѓа во Аталанта од редовите на Олимпик Марсеј, каде ги мина последните 18 месеци во кариерата, настапувајќи на 41 натпревар и постигнувајќи четири погодоци. Тој два месеци преговараше за продолжување на соработката со францускиот клуб, но откако не успеа да најде заеднички јазик се реши да се пресели на Апенинскиот полуостров.

За потсетување, Колашинац кариерата ја почна во Шалке, по што се пресели во таборот на Арсенал, но не се снајде најдобро во овој клуб, од каде си замина без да остави посериозна трага.

Се вчитува...