Голманот Кирил Колев имаше одлично прво полувреме против Норвешка, одржувајќи ја нашата селекција во континуитет со можност за пласман во ТОП 8 на првенството.
Но, огромниот пад во играта кај комплетниот тим не дозволи ниту малку надеж за триумф. Колев смета дека Македонија го плати цехот на малиот број играчи за ротација, недостатокот на едни од двајцата наши клучни ракометари Манасков и Миркуловски, и заморот…
„Имавме тешки натпревари во групната фаза, вчера следеше патот до Абервил па потоа тренинг, и денеска натпреварот и тоа од 16 часот… Мислам дека во второто полувреме и тоа како се почувствува заморот поради кој следеше падот во играта. Недостатокот и на Манасков и Миркуловски, заедно со големиот замор кој беше очигледен, по еден исцрпувачки турнир, беа причините за поразот. Во првото полувреме мислам дека бевме и подобри од Норвежаните, но неколкуте нереализирани зицери не дозволија и со предност да одиме на одмор. Во секој случај, мислам дека имавме успешен турнир. И благодарам на јавноста за поддршката. Искрено мислам дека Македонија сега почнува да гради тим кој ќе игра уште долго заедно, со сите оние млади ракометари кои ја почувствуваа мундијалската возбуда“ – вели Колев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА