Колин Каперник се враќа во НФЛ?

Колин Каперник би можел да се врати во НФЛ лигата. Каперник во средата тренираше со Лас Вегас Рејдерс, што му е прв официјален состанок со некој тим од 2017 година. Каперник не играше во НФЛ од 2016 година кога во знак на протест поради расна нееднаквост во текот на интонирањето на американската химна.

Комесарот на НФЛ, Роџер Гудел ги тераше тимовите да му дадат шанса на Каперник, а дури и организираше и специјален тренинг на кој требаше да им се докаже на НФЛ тимовите. Сепак, Каперник во последен момент се одлучи да не се појави на тој тренинг.

Квотербекот веќе има 34 години и шест години се обидува да се врати во лигата.

 

Се вчитува...