Колина ги објасни долгите судиски надополнувања: Размислете малку

На вториот ден од Светското првенство во Катар гледавме вкупно 47 минути судиско дополнување, што не е баш вообичаено.

На натпреварот меѓу Англија и Иран имаше 10 минути надополнување при резултат 6-1 во вториот дел. Пјерлуиџи Колина објасни зошто надополнувањето на ова натпреварување е толку големо.

„Веќе во Русија попрецизно беше надоместено загубеното време и на сите им порачавме да не се чудат ако го видиме четвртиот судија со голем број како го покажува надополнувањето. Беа шест, седум, осум минути. Ако сакате повеќе време во играта, потребна е поголема компензација. Размислете ако видовме три гола, прославата трае околу минута, минута и половина. Значи веќе губиш пет минути со тоа. Сакаме да бидеме прецизни, а ако се вклучи ВАР, тоа е веќе многу прецизно пресметано“, “, рече Колина. 

Се вчитува...