Легендарниот италијански фудбалски судија, Пјерлуиџи Колина, соопшти дека од лични причини се повлекува од својата позиција во УЕФА. Не местото главен директор за судење во Европската фудбалска федерација, ќе го наследи Роберто Росети.
Колина свокјата одлука ја соопшти денеска во текот на курсот за судии на УЕФА што се одржува во Нион.
58-годишниот Илталијанец на функцијата во УЕФА дојде во 2010 година, пет години откако ја заврши својата судиска кариера.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин ја прифати оставката и му се заблагодари на Колина за неговиот придонес во европскиот фудбал.
„Пјерлуиџи со својата работа во УЕФА ја донесе истата визија, разбирање и жар што го демонстрираше додека ги судеше натпреварите. Му благодариме за посветеноста во изминативе години и за се што му донесе на европскиот фудбал како главен директор за судење“ – изјави Чеферин.
На местото на Колина на позицијата „шеф на судиите“ доаѓа 50-годишниот Роберто Росети кој беше меѓународен фудбалски судија во периодот од 2002 до 2010 година.а
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА