Претседателот на Судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, изјави дека е убеден дека комуникацијата на судиите за одлуките на ВАР, која ќе им биде достапна на навивачите во реално време, ќе помогне за подобро разбирање на ВАР технологијата.
Управниот одбор на Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ) ја усвои одлуката образложението на судиските одлуки, во кои учествува ВАР, на гледачите и навивачите и на стадионот и преку ТВ преноси.
Одлуката ќе се спроведува на меѓународни натпревари во текот на следните 12 месеци како пилот проект.
„На ова се одлучивме затоа што добивме некои барања одлуката што ја донесе судијата по интервенцијата на ВАР да биде поразбирлива за сите фудбалери, односно гледачите на стадионот или пред телевизорот. Бидејќи јазикот може да биде еден од проблемите, мислевме дека ова Светско клупско првенство на ФИФА ќе биде совршено бидејќи е натпреварување на повеќе јазици, со тимови и, се разбира, со гледачи кои доаѓаат од сите шест различни континенти“, рече Колина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА