Колинда со порака за „коцкестите“ по дебаклот во Елче: Главата горе, секој може да има лош ден

Хрватска се уште е во шок од дебаклот во Елче по поразот од 6-0 од Шпанија, a избраниците на Златко Далиќ по фантастичните моменти што им ги приредија на навивачите овојпат беа треснати од земја од „црвената фурија“. И додека голем дел од јавноста фрла со дрва и камења по довчерашните херои, зборови на поддршка пристигнаа од претседателката Колинда Грабар – Китаровиќ.

Главата горе. Секој може да има „лош ден“, но вашето сребро никогаш нема да избледи во нашите срце. Тоа  што вие го направивте за промоција на Хрватска, колку радост и среќа ни донесовте, ништо не може да остави трага врз тоа. Со вас сме и во победи и во порази, бидејќи вие сте гордоста на Хрватска“ – порача Колинда на својот фејсбук-профил.

Се вчитува...