Колку чинат билетите за првото „Ел Класико“?

Репрезентативната пауза заврши, од викендов на програмата се враќа клупскиот фудбал, а особено интересно до крајот на месецов се очекува да биде во шпанската Ла Лига.

Барселона моментно е лидер на табелата, но каталонците на 26 октомври ги очекува гостување против вечниот ривал Реал Мадрид, кој бодрен од 80.000 навивачи на „Сантијаго Бернабеу“ ќе се обиде да го земе скалпот на избраниците на Ханси Флик.

Шпанскиот првак денеска ги објави деталите околу цените на билетите за првото овосезонско Ел Класико. Продажбата за „премиум фановите“ на Реал ќе стартува на 21 октомври, за сите останати еден ден подоцна, а најниската цена на билетот изнесува 130 евра. Најскапиот „обичен“ билет за дуелот со Барса е по цена од 455 евра, додека ВИП-билетите ако воопшто остане некој во слободна продажба, ќе бидат со цена од 850 евра.

Се очекува сите билети да бидат распродадени во рекордно време, но потоа и да се активира „пазарот на црно“, каде цените ќе бидат неколку пати повисоки од овие во редовна продажба.

Се вчитува...