Кристијано Роналдо е еден од оние спортистите што уживаат во својата слава и во луксузниот живот. Португалецот на социјалните мрежи сака да се пофали со животот на висока нога, со луксузниот авион и со скапите детали. На бројните луксузи, Роналдо додаде уште еден детал – стилска „Ерме“ чанта, која „случајно“ влезе во кадар на фотографијата од неговиот приватен џет што ја постави вчера на неговиот 32.роденден.
Неостварениот сон за милиони девојки во светот, стои на подот на авионот, а Роналдо се смешка додека „позира“ со неа. Споменатите чанти се „џамбо-џет“ во светот на модата и чинат цело богатство.
Цената на една „Ерме“ чанта се движи од неколку илјади до нестварни неколку стотина илјади евра . Висината на цената зависи од материјалот од кој е изработена чантата. Оние најскапите се од крокодилска кожа украсени со дијаманти.
Фотографијата на Роналдо со скапоцената чанта собра над два милиони лајкови на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА