Мајкл Џордан не е само најголемиот кошаркар на сите времиња, туку и еден од најголемите бизнис умови во историјата на спортот. Од почетокот на својата кариера, тој беше фокусиран на максимизирање на заработката, а филмот „Ер“ со Бен Афлек и Мет Дејмон беше снимен за тоа како го промени спортот засекогаш со својот договор со Најк.
Легендарниот бек е еден од најпрепознатливите спортисти во историјата, а за време на својата кариера ги претвори Чикаго Булс од тим без титула во една од најголемите династии, освојувајќи шест шампионски титули за осум години. За своите извонредни достигнувања, тој беше исто така богато платен.
Кон крајот на својата кариера, Џордан ја имаше една од највисоките плати во НБА. Иако таа сума денес, со постојаното зголемување на платите, може да изгледа мала во споредба со заработката дури и на просечните играчи, во тоа време тоа беше вртоглава бројка. Прилагодена за инфлацијата, неговата плата сепак би била рекордна денес.
Во сезоната 1997/98, позната како „Последниот танц“, Џордан и Булс ја освоија својата трета едноподруго титула во НБА. Тоа беше кулминација на неговата неверојатна ера во Чикаго, по што тој привремено се пензионираше. Иако се ближеше кон крајот на својата кариера, тој сè уште доминираше во лигата со просек од 28,7 поени по натпревар.
Беше кралски платен за тие настапи. Тогаш заработил малку повеќе од 33 милиони долари таа сезона. Тоа беше три милиони повеќе од претходната сезона, па дури и 30 милиони долари повеќе од која било друга година во неговата кариера. Тој беше убедливо најплатениот играч во лигата, но вистинската вредност на таа сума е видлива само кога се прилагодува на инфлацијата.
Вредноста на платата денес
Кога платата на Џордан од 33 милиони долари од 1998 година ќе се прилагоди на денешната вредност, доаѓаме до огромни 65.019.257 долари. Таа бројка би го направила најплатениот играч во НБА дури и денес, доколку беше активен. И дефинитивно најплатен спортист.
За споредба, моментално најплатениот играч во лигата, Стефен Кари, минатата сезона заработи 55,7 милиони долари, а во наредната година неговата плата ќе изнесува нешто помалку од 60 милиони долари. Иако Кари ја трансформираше лигата со своите вештини и ги водеше Вориорс до титула, неговата плата не е ни блиску до тоа колку би вредела платата на Џордан денес.
Сезона 2025/2026 – (највисока плата)
Стеф Кари (Голден Стејт Вориорс) – 59,6 милиони долари
Џоел Ембид (Филаделфија 76ерс) – 55,2 милиони долари
Никола Јокиќ (Денвер Нагетс) – 55,2 милиони долари
Кевин Дурант (Хјустон Рокетс) – 54,7 милиони долари
Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс) – 54,1 милион долари
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

