Колку ќе добијат спортистите од поранешна Југославија за освојување олимписки медал?

Македонија вчера го освои првиот медал на Летните олимписки игри во Токио во името на таеквондистот Дејан Георгиевски. Земјите од просторите на поранешна Југославија жнеат медали секој ден и го зголемуваат вкупниот биланс.

Црна Гора и Босна и Херцеговина се единствените кои се уште немаат освоено медал, додека Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и Косово веќе се запишаа меѓу лауреатите. Со првите медали стигна и информацијата колку државите во регионот ќе ги наградат своите спортисти за успех во Токио.

Најмногу од сите за златен медал ќе добијат спортистите од Косово дури 100.000 евра, Србија за златен медал дава 70.000 евра, за сребро 60.000, додека за бронза 50.000 евра.

Црна Гора е следна на листата со 35.000 за злато, 30.000 за сребро и 25.000 за бронза. Хрватските спортисти за успех, за злато ќе добијат 27.600 евра, за сребро 17.200 и за бронза 12.200 евра.

Словенците ќе добијат 20.000 за злато, 17.500 за сребро и 15.000 евра за бронза. Следна на листата е Босна и Херцеговина која за било кој медал на своите спортисти што би можел да биде прв историски на игрите би им дала скромни 2.500 евра.

За Македонија се уште нема точен податок, но сигурно Дејан Георгиевски кој ја израдува цела Македонија заслужува да добие награда од својата земја за нејзиното одлично претставување во Токио и освојување на сребрениот медал во Таекводо.

Се вчитува...