Ф1 тимот на Мерцедес ќе го задржи Луис Хамилтон во своите редови со нов договор кој ќе биде официјализиран наскоро и според британските медиуми, ќе тежи околу 120 милиони фунти. Или поилустративно, Хамилтон со новиот договор со Мерцедес ќе заработува по 11 илјади фунти дневно.
Хамилтон во недела ќе настапи на трката во Абу Даби, која е последна на календарот, со веќе обезбедена шампионска титула. А, по завршувањето на шампионатот, ќе бидат финализирани и преговорите со германскиот тим, со потпишување на нов тригодишен договор.
Британскиот возач има уште една година од актуелниот договор со Мерцедес, но тој веќе најави дека е расположен да ја продолжи соработката со германскиот тим додека е во врвна форма. Раководството на Мерцедес пак сака да го врзе четирикратниот шампион на подолг рок за да не дојде во искушение со некоја понуда од Ферари или од Ред Бул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА