Осум дена не делат до почетокот на најголемото атлетско случување годинава, Светското првенство во Доха. Најголемата смотра на атлетичарите во светот ќе биде одржана во престолнината на Катар во периодот од 27. септември до 6. октомври. Местото на одржување ќе биде спектакуларниот стадион „Калифа“.
Првенството ќе биде специфично поради многу работи, а меѓу останатото ова ќе биде првенство со најголеми парични награди, по најавите на организаторите. Сите победници, без оглед на тоа во која дисциплина ќе се натпреваруваат ќе добија 60.000 долари. Второпласираните ќе бидат побогати за 30.000 американски долари, додека бронзените ќе заработат 20.000 долари.
Наградувани ќе бидат сите атлетичари кои ќе завршат во топ осум. Петтиот ќе добие 15.000, шестиот 10.000, седмиот 5.000, а осмиот 4.000 американски долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА