Најбрзиот човек годинава на 100 метри, Американецот Крис Колмен се наметна како прв претендент за титулата во најатркативната дисциплина на Светското атлетско првенство во Доха откако суеприорно мина и низ полуфиналето со најдобро време меѓу осумте атлетчари.
Актуелниот светски шампион, Џастин Гетлин беше третопалсиран во неговата полуфинална трка и по резлтат влезе во битката за трофеите. Тој има шести резултат меѓу финалистите. Гетлин ја брани титулата освоена во Лондон предве години.
Во битка за трофеите се и Јужноафриканецот Акани Симбане, Британецот Жарнел Хјус, Канаѓанецот Андре Де Грасе и Јамајканецот Јохан Блејк. Финалната трка е вечерва во 21.15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА