Јувентус е на добар пат да го реши прашањето за нов голгетер во тимот, и тоа со добро познато име – Коло Муани се наоѓа многу блиску до камбек во редовите на „старата дама“. Како што информира „Тутоспорт“, италијанскиот весник кој важи за најблизок до Јуве, челниците на овој клуб постигнале начелен договор со францускиот голгетер за тој да се врати назад во тимот во кој со голем успех настапуваше во сезоната 2024/25.
Коло Муани постигна десет гола при таа позајмица од ПСЖ, но преговорите за откуп што траеја долго минатото лето сепак не вродија со плод. Французинот на крајот заврши на позајмица во Тотенхем, но таму не ја доби шансата што ја заслужува откако огромен дел од времето беше закован на клупата.
„Спарси“ не се задоволни од она што овој голгетер го прикажува веќе искажале подготвеност да ја прекинат позајмицата што треба да трае до крајот на сезоната. Клучно ќе биде Јувентус да постигне договор со ПСЖ за преземање на условите од таа позајмица за преостанатите шест месеци, што не би требало да биде проблем, особено откако и самиот Муани изразил желба да се врати назад во таборот на „старата дама“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

