Престојот на Коло Муани во Јувентус заврши со крајот на настапот на „старата дама“ на клупскиот мундијал, а последните информации говорат дека италијанскиот гигант има огромни проблеми да го задржи Французинот во своите редови и за наредната сезона.
Челниците на Јувентус не кријат дека се презадоволни од настапите на овој фудбалер, но финансиските лимитации се причина поради која „старата дама“ не е во можност за целосен откуп на неговиот договор со ПСЖ. Челниците на ПСЖ начелно беа расположени за преговори за евентуална нова позајмица на една година, за сума од 10 милиони евра, но ситуацијата се промени откако клубови од Англија покажаа сериозен интерес за Коло Муани.
Тие се подготвени да платат и над 40 милиони евра за голгетерот (сума што ПСЖ ја бара од Јувентус), па јасно е зошто францускиот тим ја смени плочата во преговорите со „старата дама“ и сега инсистира на перманентен трансфер.
Јуве го доведе Џонатан Дејвид на слободен трансфер од Лил, но „црно-белите“ од Торино имаат проблем да се ослободат од Душан Влаховиќ, кој е најплатен играч во тимот, но добива да се замине на една година пред истекот на договорот.
Се додека Влаховиќ не го напушти Јуве овој тим ќе нема место во буџетот за да тргне во офанзива по Коло Муани, па јасно е зошто Французинот во моментов има многу мали шанси да остане дел од „старата дама“ и за наредната натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

