Екипата на Јувентус со гол во 81-та минута успеа да се спаси од пораз на гостувањето кај Калјари. „Старата дама“ одигра 1:1 против Калјари во натпревар од шестото коло од Серија А.
Спасител на Јувентус беше 38 милиони евра вредното засилување од летниот преоден рок, Рандал Коло Муани. Французинот по нафрлената топка од Алајбеговиќ, најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и успеа топката да ја смести во мрежата на Каприле.
Cagliari 1-[1] Juventus – Kolo Muani 81′
by
u/xggq in
soccer
Ова беше прв гол за Коло Муани сезонава.
Претходно, Калјари, поведе во 20-та минута со голот на синот на легендата на Милан, Паоло Малдини, Даниел.
Cagliari [1]-0 Juventus – Daniel Maldini 20′
by
u/xggq in
soccer
По шест кола, Калјари се наоѓа на четвртото место на табелата со 13 бодови, додека Јувентус е две позиции подоле и има два бода помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
