КОЛО НА ГОСТИТЕ: Стружани лесно го освоија Штип, Шкупи триумфално во Кратово… (ВИДЕО)

Коло на гостите во 30-та рунда натпревари во Првата македонска фудбалска лига. Сите четири гостински победи на денешните четири натпревари од елитниот шампионат, од кои секако за издвојување главно е победата на Струга ТЛ од 0-3 на гостувањето против Брегалница во Штип со која се задржа на +5 бода предност во однос на второпласираната Шкендија во трката за титулата.

Струга ТЛ уште во раната фаза, во 9. минута со голот на Малески дојде до предност од 0-1.

Во 45. минута Бесарт Ибраими погоди директно од слободен удар, со помош и на несигурната интервенција на Денковски, за 0-2 на полувремето.

Во 48. минута Радески искористи грешка во одбраната на домашните за поставување на конечните 0-3.

Работнички победи со 1-3 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци. За 0-1 погоди Маркоски во 21. минута, а Гандо во 41. минута заокружи за 0-2. Третиот погодок следеше во второто полувреме за конечна победа на „романтичарите“, а домашните преку Ивановски во финишот само постигнаа почесен погодок.


Шкупи се уште се надева дека може да ја одбрани титулата, иако ќе биде повеќе од тешко, по победата од 0-2 на гостувањето против Силекс во Кратово.

Чаирчани резултатот го отворија во 51. минута со голот на Цефас, а Алварез постигна еврогол од слободен удар  во 69. минута за конечните 0-2.


Сосема очекувано, пак, Скопје убедливо со 0-4 триумфираше на гостувањето против прилепска Победа која од следната сезона се сели во Втората лига.

РЕЗУЛТАТИ – 30. КОЛО
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ 0-3
Малески 9′, Ибраии 45′, Радески 48′
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ 0-2
Цефас 51′, Алварез 69′
Прилеп: ПОБЕДА – СКОПЈЕ 0-4

Омерагиќ 35′, Тодоров 37′, Хајдари 74′, Даци 79′

Кавадарци: ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 0-3
Ивановски 90′ – Маркоски 21′, Гандо 41′, Велкоски 70′
АК. ПАНДЕВ – слободна
ВЧЕРА
Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1
Милев 8′, Чинари 35′, Рамадани 68′ – Фазли 38′

Се вчитува...