Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Коло Туре, соопшти дека ја завршува играчката кариера, но останува во фудбалот како дел од стручниот штаб на Селтик.
Туре, кој во својата богата кариера, настапуваше за Арсенал, Манчестер сити и Ливерпул, ќе работи како технички асистент и ќе им помага на тренерите во првиот и во младинскиот тим на клубот.
„Ова е нов почеток и ново поглавје во мојата кариера. Со фудбалот е готово, сега и официјално можам да кажам дека сум во пензија и сега се вртам кон тренерската работа. За мене ова нема да биде голема промена во однос на она што ќе го работам. Секогаш сум бил играч што сака да им помогне на луѓето околу себе“ – изјави Коло Туре.
Минатата сезона Туре играше за Селтик и тоа остана последна станица во неговата играчка и прва станица во неговата тренерска кариера. 36-годишниот фудбалер од настапите во репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска се повлече во 2015 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА