Ракометарите на Колштад успеаја на домашен терен да го изненадат Алборг славејќи со 25-24 во скандинавското дерби како дел од 7. коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Двете екипи одиграа еден израмнет натпревар во кој на крајот домаќините беа за нијанса подобри.
Бергеруд со 15 одбрани беше неверојатен на голот на победникот, додека најефикасен беше Сондена со шест гола. Кај поразените Томас Арнолдсен постигна седум гола.
Унгарски Пик Сегед исто така во неверојатно интересен натпревар славеше над Кјелце на домашен терен со 28-27. Шоштариќ, Фримел и Алустиза постигнаа по пет гола кај победникот, додека кај поразените Дилан Наи постигна седум.
Ракометарите на Магдебург славеа убедливо на домашен терен против ППД Загреб со 36-24. Најдобар поединец кај победникот беше Исак Персон со седум гола, додека кај поразените се истакнаа Срна и Тривковиќ со по пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА