Колштад подобар од Динамо Букурешт, Пик Сегед славеше на гостувањето кај Гог

Со два натпревари од програмата во 18.45 часот стартуваше второто коло во ракометната Лига на шампиони. Норвешкиот Колштад успеа на домашен терен да слави против романскиот шампион Динамо Букурешт со 31-28.

Домаќините одиграа одлично прво полувреме по кое имаа предност од седум голови 17-10. Во вториот дел гостите успеаја да ја намалат предноста, но не успеаја да стигнат до ништо повеќе од почесен пораз од 31-28. Гудјонсон со шест гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Негру постигна пет гола.

Standings provided by Sofascore

Во вториот меч од понудата од 18.45 часот Пик Сегед славеше на гостувањето во Данска кај ГОГ Гудме со 31-36. Унгарците и во двете полувремиња беа за нијанса подобар тим, па на крајот заслужено стигнаа до полн плен. Maрио Шоштариќ беше феноменален и со 12 од 12 беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Педерсен заврши со осум гола.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...