Норвешкиот првак Колштад ги потврди информациите дека се соочува со сериозна финансиска криза, поради која ќе мора да ги намали платите на ракоемтарите на овој тим.
Колштад неодамна го почна новиот проект со најава за норвешки дрим-тим, од Кил беше договорен трансферот на Сандер Сагосен и се најавуваше дека овој клуб во блиска иднина би се вмешал во борбата за највисок пласман во Лигата на Шампионите.
Сепак, проектот од самиот старт се соочува со неочекувани проблеми, кои резултираа со неможност на клубот да ги исплати договорените суми, поради што мора да инсистира на намалување на платите.
„Мораме да ги намалиме трошоците од неколку различни аспекти, но она што е примарно е да го намалиме буџетот на плати на ракометарите. Високата инфлација, падот на круната, зголемените камати, енергетската криза и војната меѓу Украина и Русија се причините за оваа ситуација во која се најдовме. Водиме позитивни разговори со сите тренери, играчи и вработени во клубот кои би биле на удар со ова зголемување. Планот на клубот е да ги завршиме овие преговори најдоцна до следната седмица“, објави Колштад преку клупско соопштение.
Најинтересно ќе биде да се види како ќе течат разговорите со Сандер Сагосен, кој летово од Кил се пресели во Колштад, но лесно може да се случи и воопшто да не го облече дресот на норвешкиот првак бидејќи ако не се согласи на намалување на платата, би бил слободен да потпише за друг клуб.
Токму Колштад ќе биде прв противник на Еурофарм Пелистер во новата сезона од Лигата на Шампионите, меч што ќе се игра во Битола на 13/14 септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА