Норвешкиот клуб Колстад, ја оправда фаворитската улога на дуелот против Еурофарм Пелистер уште по првиот дел, откако води со 16-10 на полувремето во Битола, и се наоѓа на чекор до победата во првото коло во ЛШ.
Битолчани водеа само со 1-0, а потоа со седум гола фуриозните норвежани дојде до огромна предност, која беше недостижна. Пелистерци на моменти успеваа да намалат, но никако да фатат приклучок во натпреварот.
Гудјонсен и Алберг со по пет голови засега се најефикасни, додека кај Пелистер Цехте и Радивојевиќ со по четири. Сагосен во првиот дел постигна три.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА