Норвешкиот шампион Колстад денеска одржа прес-конференција на која генералниот менаџер Јостеин Сиверстен говореше за разговорите што ги имаше со ракометарите и членовите на стручниот штаб за намалување на платите.
Поради големите финансиски проблеми Колстад нема да може да ги исплати договорените суми на своите ракометари, а како што обелодени генералниот менаџер, добра вест е што играчите се согласиле на значително намалување на платите, за кое норвешките медиуми обелоденија дека станува збор за 30% од вкупнит примања.
„Се уште сме во процес на кратење на платите за буџетот на клубот да може да остаане ликвиден. Благодарен сум на ракометарите за покажаното разбирање. Нема да говорам за конкретни бројки, ќе кажам само дека намалувањето е значително, но сите покажаа желба за оваа криза да биде надмината, откажувајќи се од дел од своите примања. Ние како клуб ќе се обидеме да им ги вратиме тие пари со исплата на премиите што ќе ги добиваме во текот на сезоната“, изјави Сиверстен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА