За првпат во Првата одбојкарска лига на Македонија ќе настапува Колумбиец. Македонскиот прволигаш Универзитет Тетово успеа да го ангажира колумбискиот репрезентативец Иван Андрес Хуртадо Мина. Играчот доаѓа од екипата Алфаисали од Саудиска Арабија, а минатата сезона ја помина заедно со македонскиот репрезентативец Дарко Ангеловски во Будва, тим со кој ја освои двојната круна круна.
Ова е историски трансфер, прв Колумбиец што ќе игра во одбојкарската лига на Македонија. Универзитет Тетово се наоѓа на четвртата позиција на табелата по првиот дел од сезоната со 16 бода, еден повеќе има Лирија, на второто место е Џио Струмица (20 бода), а неприкосновен е Вардар со максимални 24 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА