Филип Костиќ и официјално стана нов фудбалер на Јувентус. Србинот одигра одлично минатата сезона и особено се истакна во Лигата на Европа, а тоа беше доволно добар предуслов да направи голем трансфер ова лето, па сега јасно е дека ќе треба да се бори за своето место во тимот на Алегри, нешто што му беше загарантирано во стартната постава на Ајнтрахт.
Душан Влаховиќ го пречека Костиќ говорејќи на српски јазик, што беше и нормачно, но сите ги изненади Квадрадо, кој проговори на српски и му посака добредојде на новиот соиграч.
Колумбиецот очигледно знае зборови од овој регион, па го пречека Костиќ со „добро јутро брате“!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА