Колумбиецот Санчез со втор најбрз црвен картон во историјата на мундијалите

Јапонија на самиот почеток од дуелот со Колумбија поведе со 1-0, откако противникот веќе во третата минута остана со фудбалер помалку на теренот. Карлос Санчез играше со рака спасувајќи гол при еден шут на јапонските фудбалери, по што судијата Скомина покажа на белата точка, воедно исклучувајќи го колумбискиот фудбалер.

Црвениот картон беше покажан по две минути и 56 секунди игра, што е второ најбрзо исклучување во мундијалската историја.

Рекордер во оваа категорија се уште е Уругваецот Хозе Алберто Батиста, кој на мечот од СП 1986 против Шкотска доби црвен картон по само 56 секунди по стартот врз Гордон Страхан.

Се вчитува...