Аргентина сама ќе го организира Јужноамериканското фудбалско првенство, бидејќи „КОНМЕБОЛ“ ѝ го одзема домаќинството на Колумбија поради политичката ситуација во земјата.
Низ цела Колумбија постојатно се водат жестоки протести против претседателот Иван Дуке Маркез. Неколку часови претходно колумбиските власти побараа од „КОНМЕБОЛ“ турнирот да биде одложен, но челниците на јужноамериканскиот фудбал решија само Аргентина да биде домаќин на натпреварите.
Богота, Медељин и Кали требаше да бидат домаќини, но на улиците на овие градови се водеа најжестоките протести во кои загинаа дури 42 лица изминативе недели, а 1.700 се повредени. Копа Америка треба да почне на 13 јуни, а да заврши на 10 јули.
Во рамки на Групата А, ќе играат Аргентина, Боливија, Чиле, Парагвај и Уругвај, додека во Групата Б, Бразил, Колумбија, Еквадор, Перу и Венецуела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА