Колумбија ќе прогласи неработен ден доколку ја победи Аргентина во финалето на Копа Америка

Претседателот на Колумбија, Густаво Петро изјави дека понеденик ќе биде неработен ден во државата доколку колумбиските фудбалери успеат да слават над Аргентина во финалето на Копа Америка.

Како што вели Петро репрезентацијата е симбол за единство и прослвата треба да биде заедничка.

„Репрезентацијата е симбол на единството. По тоа прашање не постои популаризација. Ако победиме во финалето ќе го прославиме единството на колумбискиот народ“, изјави Петро.

Колумбија има една титула во Копа Америка осовена во 2001 година кога натпреварувањето и беше одржано во Колумбија.

Се вчитува...