Репрезентацијата на Колумбија се собра пред неколку дена пред продолжението на квалификациите за Светското првенство. Колумбијците ќе играат во квалификациите за СП против Перу на почетокот на јуни, а потоа оваа селекција ќе игра на Копа Америка, турнир кој летово ќе се игра во Аргентина.
Јасно е дека секогаш се очекува многу од репрезентацијата на Колумбија, но овој пат против Перу тие ќе бидат без нивниот најдобар играч Хамес Родригез и тоа поради бизарна причина. Имено, репрезентацијата на Колумбија синоќа потврди дека фудбалерот на Евертон нема да биде во конкуренција за натпреварот против Перу, кој ќе се игра на 4 јуни во Меделин, но се очекува тој да биде подготвен да игра во Копа Америка.
Родригез го напушти репрезентативниот камп бидејќи тестовите покажаа дека тој не е во најдобра физичка форма во моментот. Тој имаше одличен прв дел од сезоната во Евертон, но во претходните месеци тој навистина не играше. 29-годишниот играч за врска сезонава одигра 26 натпревари во сите натпреварувања во дресот на Евертон, постигна шест гола и додаде уште девет асистенции.
James Rodriguez has been released from Colombia’s squad for the Copa America after fitness tests found he is “not at the optimal level”. pic.twitter.com/Rrf1z8XVIs
— Football Factly (@FootballFactly) May 29, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА