Колумбијците го отпишаа Сенегал, Јапонија со дисциплина во осминафинале

Фудбалската репрезентација на Колумбија го совлада Сенегал со 1-0 и во директен дуел го отпиша ривалот во битката за пласман во осминафиналето. Недисциплината на Сенегалците на трите натпревари беше кобниот елемент за да си заминат дома по првата фаза од Мундијалот. Јапонија иако загуби од Полска со 0-1, сепак, како второпласирана селекција од групата Х, ќе игра во осминафиналето.

Колумбијците славеа со 1-0, со голот на Јери Мина во 74.минута.

 

Дефанзивецот се покажа како клучен играч и во офанзивната линија на својата селекција, а Колумбија завршува на првото место на табелата со шест освоени бода.

Полска ја совлада Јапонија со 1-0, но репрезентативците од земјата на изгрејсонцето ќе патуваат во осминафиналето. Со четири освоени бода, и со идентична гол – разлика како и Сенегал, но со помалку жолти картони од Сенегал. Полска славеше со победничкиот гол на Јан Беднарек.

Се вчитува...