Францускиот фудбалер Кингсли Коман на Европското првенство во Германија одигра само 16 минути, а неговата репрезентација беше елиминирана од Шпанија во полуфиналето.
Поради ова брзоногиот напаѓач би можел да стави крај на репрезентативната кариера.
„Л’Екип“ пишува дека Коман е разочаран бидејќи направил се за да биде подготвен за ЕП по бројните повреди. Коман минатата сезона одигра 27 натпревари за Баерн Минхен. на кои забележа пет гола и три асистенции.
Коман за Франција има 57 настапи и осум гола. Со репрезентацијата загуби во финалето на Евро 2016 и Светското првенство во 2022 година. Во својата кариера играше за ПСЖ, Јувентус и Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА