Францускиот фудбалер Усман Дембеле поради повреда ќе ги пропушти следните два репрезентативни натпревари во Лигата на нации, а во тимот ќе го замени Кингсли Коман, соопшти Француската фудбалска федерација (ФФФ).
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, почувствувал болка во долниот дел на грбот во саботата на натпреварот против Анже од француското првенство (4-2).
Во досегашната кариера, 27-годишниот фудбалер има 53 настапи за француската репрезентација и постигна шест гола. Ова е голем удар за селекторот на Франција, Дидие Дешамп, кој претходно остана и без напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе.
Во селекцијата повикан е 28-годишниот играч на Баерн Минхен, Кингсли Коман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА