Баер Леверкузен стана сензационален шампион на Бундеслигата откако тимот предводен од младиот шпански стартег Чаби Алонсо на доминантен начин, без пораз на 29 одиграни натпревари ја осигра потребната бодовна предност пред Баерн Минхен на врвот на табелата.
Тоа воедно значи и крај на децениската доминација на Баерн Минхен, а интересно и на серијата од 11 последователни трофејни сезони на Кингсли Коман. Французинот низата на првенствени трофеи ја негува од 2013 година во која го освои француското првенство.
Продолжи во 2014 година со нов трофеј во Лига 1, во следните две години се радуваше на трофејот во Серија А, а од 2017 до 2023 година на оној во Бундеслигата.
Интересно, крајот на низата на Коман ја продолжи низата на сезони без трофеј за Хари Кејн па фудбалските фанови го обвинија Англичанецот дека е малер.
Kane effect > Coman effect pic.twitter.com/tuQ6Vy7JaP
— Troll Football (@TrollFootball) April 14, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА