„Командантот“ Милевски: За овие момци вреди да се живее, не застануваме овде…

ЕКИПА во Палермо, Италија

Владимир Булатовиќ

МАкедонија ја забележа најголемата победа во својата фудбалска историја, откако среде Италија го зеде скалпот на актуелниот европски првак и се пласираше во финалето од баражот за пласман на СП 2022 во Катар.

Благоја Милевски може да биде горд на себе и на своите избраници, по беспрекорниот меч во кој трпеливо се чекаше шанса, за на крајот таа да се искористи во 92. минута. Скромен како и секогаш, Милевски ги потенцираше фудбалерите како најзаслужни за големиот триумф.

„Ова се момци за кои вреди да се живее. Ова се момци со кои се гордеам. Сакам да останат такви какви што се, сакам да останат вечно вакви. Знаевме што сакавме, чекавме да ни се укаже можност. Тактиката не беше за два шута еден гол, но секако бевме подготвени да се изненади европскиот шампион и да го изненадиме со триумф за место во финалето“, изјави Милевски.

Сепак, нема многу време за славје бидејќи само за неколку дена ќе следи гостувањето против Португалија, во финалната битка во која победа ќе значи билет за СП 2022.
Да се победи еден европски шампион не е мала работа. Но, не застануваме тука. Не очекува Португалија кој е последен чекор до пласман на Светско првенство. И веќе нема бегање, од утре сите мисли се насочуваат кон Португалија“, оптимистички е расположен македонскиот селектор.

Се вчитува...