Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани пред медиумите говореше за следниот предизвик на најдоминантниот тим во Европа во моментов – ПСЖ, натпревар кој ќе го одбележи новото коло во Лигата на Шампионите.
Белгискиот тренер имаше интересна изјава пред мега-дуелот најавувајќи целосен фокус на победа против актуелниот еворпски шампион и тоа во неговиот дом.
„Постојат тимови кои во речиси секој меч успеваат да ја користат топката на најдобар начин, без разлика дали се соочуваат со длабок блок или висок пресинг.
Тоа создава вистинска ураганска атмосфера. Ако бев неутрален навивач, дефинитивно би дошол да го гледам овој меч. Ова е тежок меч, можеби е најтешкиот, но токму затоа сме тука, во елитата.
ПСЖ е европски шампион, но тоа нам ништо не ни значи. Одиме да победиме во Париз, се надевам на успех и радост за нашите верни навивачи“, изјави Компани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

