Комбинираниот Ливерпул со нова драма: Нуњез во 99. минута за историска победа… (ВИДЕО)

Ниту бројните повреди и големиот број отсуства на најдобрите фудбалери не може да го оттргнат Ливерпул од битката за шампионската титула сезонава во Премиерлигата. „Црвените“ во 27. коло денеска, повторно со комбиниран состав, поради отсуствата на повредените Арнолд, Салах, Диаго Жота, Матип, Тиаго…, но и без Нуњез, Собослаи, Едо во првиот тим успеа да дојде до триумф од 0-1 на гостувањето против Нотинген Форест и тоа со гол во 99. минута од средбата.

Кога се чинеше дека дуелот ќе заврши без голови, во деветтата минута од судиското продолжение Дарвин Нуњез, кој во игра влезе во 60.минута, одлично се снајде во шеснаесетникот на противникот и со глава постигна гол за три бода на Ливерпул.

Сето тоа за нова предност од четири бода на Ливерпул на врвот пред Манчестер сити. Да биде радоста поголема и значењето на триумфот уште поголем, ова е прва победа во историјата на Ливерпул на „Сити Граунд“.

Челси се спаси од пораз на гостувањето против Брентфорд благодарение на голот на Дисаси во 83. минута за конечни 2-2.

Тотенхем со пресврт триумфираше против Кристал Палас со 3-1. Гостите поведоа со голот на Езе во 53. минута, но од 78. до 88.минута, Вернер, Ромеро и Сон постигнаа три гола за Тотенхем за три бода.

РЕЗУЛТАТИ – 27. КОЛО
Брентфорд – Челси 2-2
Нотингем Форест – Ливерпул 0-1
Евертон – Вест Хем 1-3
Фулам – Брајтон 3-0
Њукасл – Вулверхемптон 3-0
Тотенхем – Кристал Палас 3-1

Се вчитува...