Фудбалскиот клуб Вардар информираше дека во недела во 12 часот во Дијамантската сала на хотел Хилтон, ќе одржи комеморативна седница во чест на легендата на македонскиот фудбал Васил Рингов кој почина, по кратко боледување, на 70-годишна возраст.
„ФК Вардар ги поканува сите љубители на фудбалот, навивачи на клубот, почитувачи на Васе Рингов да присуствуваат и да му одадат почит на една од најголемите фудбалски легенди на клубот и државата“ – информираат од најтрофејниот македонски клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

