Најтрофејниот македонски клуб, ФК Вардар, во моментов одржува комеморација во хотелот „Хилтон“ во Скопје за Васил Рингов, кој почина неочекувано на 70-годишна возраст, по кратко боледување, и остави огромна празнина во црвено-црното, но и целокупно македонско фудбалско живеење.
Од раководството на Вардар на комеморацијата и информацијата дека најтрофејниот македонски клуб, во чест на Васе Рингов, ќе го повлече од употреба дресот со број 11, дресот со кој Рингов настапуваше во црвено-црниот дрес.
„Васил Рингов беше пред се човек со карактер и вредност какви ретко се среќаваат. Тој е наша ѕвезда која замина од овој свет без ниту еден непријател“ – рече извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски.
Во името на поранешните соиграчи на Рингов се обрати легендата на македонскиот фудбал и поранешен селектор на Македонија, Ѓоре Јовановски.
„Васе, огромно благодарам за се што направи за Вардар, за Македонија и за сите нас. Југословенска легенда која не правеше сите нас горди што сме дел од еден таков колектив“ – рече Јовановски.
Вардар, исто така, информираше дека ќе покрене иницијатива до надлежните државни институции Јужната трибина на арената „Тодор Проески“ во Скопје да биде именувана во „Васил Рингов“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

