Комеморацијата за Насе Насев закажана за утре во СЦ „Јане Сандански“

Утре во 12:00 часот во конференциската сала на спортскиот центар „Јане Сандански “ ќе се одржи комеморацијата за доајенот на македонскиот спорт и долгогодишен селектор на националниот тим во борење слободен стил Насе Насев, кој почина во својата 80-та година, по кратко боледување.

Насев беше спортски директор во Македонскиот олимписки комитет и првиот член на Клубот на великани на МОК, а во јуни оваа година шефот на државата Стево Пендаровски го одликува со „Медал за заслуги“ за неговиот огромен придонес во афирмацијата на македонскиот спорт и држава.

Насев ќе биде погребан денеска во 15 часот на гробиштата во Кочани.

Се вчитува...