Коментатор откри детали и зошто се криела огромната трагедија за време на финалето од Лигата на нации

Огромна трагедија го засени напнатото финале од Лигата на нации што го играа Португалија и Шпанија во Минхен. По регуларниот дел и продолженијата, резултатот беше 2-2, па победникот беше решен со пенали. Португалија беше поуспешна и славеше, но, на крајот од првото продолжение се случи најлошото.

„Навивачот кој почина за време на финалето на Лигата на нации во Минхен е романски државјанин. Тој живеел во Баварија последните неколку години. Паднал од висина од два ката на трибините во прес-ложата“, објави романскиот инсајдер Емануел Росу.

И УЕФА информираше за несреќата: „На стадионот во Минхен се случи ситуација што бараше интервенција на службите за итна медицинска помош. И покрај напорите на лекарите да го спасат животот на жртвата, тој за жал почина во 00:06 часот. Нашите мисли се со неговите најблиски во ова тешко време.“

Ситуацијата ја коментираше од прва рака за „Билд“ и Феликс Крос, брат на Тони Крос, кој имаше улога на коментатор на тој натпревар.

„Сè се случи на околу два и пол метри од мене. Не видовме ништо бидејќи го гледавме теренот. Само го забележав ударот. Кога се слушна удар, се свртев, видов како покрај мене како се тркала чевел и можев да видам нога. Ни беше тешко. Бевме во пренос во живо, немавме никакви информации и мораше да коментираме за натпреварот. Тешко беше да се остане фокусиран во тие минути на целосна неизвесност. Можевме само да опишеме што се случи и дефинитивно не сакавме да шириме дезинформации. Драго ми е што не видов ништо. Можам само да изразам сочувство до семејството“ – изјави Феликс Крос.

Се вчитува...