На денешен ден пред 20 години Кометал Ѓорче Петров ја покори Европа освојувајќи ја женската Лига на шампиони. Индира Кастратовиќ, Андријана Будимир, Олга Бујанова, Луминица Дину… го совладаа во скопската ноќ унгарскиот Херц Ференцварош со 26-22 и ја донесоа титулата во Македонија.
Со овие „плус четири“ беше надополнета минималната негатива од првиот натпревар, по што „кометалки“ стигнаа до историскиот успех и се искачија на тронот на ракометна Европа.
Во историјата останува запишано, оваа шампионска генерација на Кометал ЃП ја сочинуваа: Дину, Нацева, Калиниченко, Кастратовиќ, Чупиќ, Будимир, Кисељева, Платон, Велкова, Бујанова, Андрушенко, Малахова, Пласницкаја и Златановска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА