Второто коло од Втората македонска фудбалска лига го донесе и голот кој долго ќе се врати по социјалните мрежи. Истиот беше виден во Охрид каде на истоимениот домашен тим му гостуваше Арсими, а четвртиот гол за гостите беше вистинско „ремек дело“.
Во обид да ја исфрли топката од шестнаестникот со рака, младиот голман на домаќините, Матеј Андов го погоди противнички фудбалер од редовите на Арсими, а топката заврши во ногата на Аљбин Рамадани кој ја искористи шансата да постигна гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА