Натпреварите од 17. и 18. коло од Првата машка фудбалска лига на Македонија ќе се играат без присуство на публика, беше потврдено на денешната седница на комисијата за натпревари на ФФМ.
Комисијата за натпревари го прифати барањето на Министерството за внатрешни работи и донесе одлука натпреварите од 17. коло (03. декември, 13:00 часот) и 18. коло (08. декември, 13:00 часот) во Прва МФЛ да се одиграат без присуство на публика.
Одлуката на Комисијата за натпревари е донесена поради извршена проценка на Министерството за внатрешни работи заради неодамнешните случувања и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување пред, за време и по одигрување на фудбалските натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА