Комити го бојкотираат РК Вардар за мечот со Фленсбург: На клубот му се поважни парите, од поддршката!

Навивачката група „Комити“ нема да биде во арената „Јане Сандански“ на најважниот меч на РК Вардар оваа сезона, в четврток против Фленсбург, во борбата за пласман на Ф4 турнирот во Келн. „Комити“ објавија соопштение за причините поради кои се решиле на ваков чекор…

Поради игнорантскиот однос на управата на РК ВАРДАР и поради нивната еднострана одлука на најважниот момент во клупската историја на РК ВАРДАР да не ни дозволат организирано да дадеме поддршка на нашиот миленик и да ни ја затворат вратата од нашата трибина,

КОМИТИ нема да бидат дел од реванш натпреварот од четвртфиналниот натпревар од лигата на шампионите.

Поважни им се парите од распродажбата на нашата трибина отколку пеколна атмосфера за сигурен пад на Флензбург во Скопје.

Но, тоа не значи дека нема да ги бодриме нашите момци во походот кон европскиот трон и финалето во КЕЛН.

Затоа, ВЕ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ, да се собереме пред сала, и на платото на видео бим да го гледаме натпреварот и да им докажеме на сите дека нашата љубов е безусловна и дека нема место за луѓе со лични интереси во управата на РК ВАРДАР.

СИТЕ ПРЕД САЛА 18:30 ЧАСОТ !!!

КОМИТИ ЗАПАД !!!

Се вчитува...