Комити го „запалија“ Скопје: Со факелијада долга 10 километри одбележан 35-от роденден (ФОТО)

Скопје вечерва „гореше“ благодарение на „Комити“. Најверната вардарова навивачка група вечерва приредувајќи извонреден спектакл со 500 факели во должина од 10 километри одбележа 35 години од постоењето на навивачката група, 75 години од постоењето на Вардар и пет години од освојувањето на првата ракометна европска титула на црвено-црните.

„Комити“ приредија навистина незапаметена факелијада долга десет километри и тоа од мостот во скопската населба Хром до мостот „Близнак“ во населбата Ново Лисиче.

„Улиците се наши, градот е наш. Од Лисиче до Ѓорче, срцата чукаат за Вардар, како што речиси илјада факели го осветлија кејот, за 35 години од формирањето на скопската и македонска АВАНГАРДА – КОМИТИ ЗАПАД❗️Забавата продолжува пред Јане Сандански…“ – објавија „Комити“.

А забавата продолжи пред салата „Јане Сандански“ во Аеродром, каде што со бројна пиротехника се осветли небото над Скопје.

 

Се вчитува...