„Комити“ и „Чкембари“ во „клинч“ Столе и Борко смируваат (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со самото доаѓање на Чкембарите во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје стигнаа и првите инциденти во вечното дерби. Навивачите на битолскиот клуб по самото влегување почнаа да фрлаат факели кон публиката, по што беа испровоцирани Комитите кои упаднаа на теренот и возвратија со фрлање на предмети кон битолските навивачи.

Полицијата лошо реагираше и додека влезе да ја среди ситуацијата беше прекасно. Ракометарите на Вардар се обидоа да ги спречат „Комитите“ да продолжи „циркузот“, но едноставно тоа беше невозможно.

 

Се вчитува...