По бурните денови по поразот од Воска Спорт во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига, претставници на „Комитите“ вчера присуствуваа на тренингот на тимот искажувајќи поддршка за новоименуваниот шеф на стручниот штаб, Срѓан Захариевски и фудбалерите.
„На сите кои во овој момент раководат со клубот, на стручниот штаб, како и на фудбалерите, јасно им се даде до знаење кои се целите и црвените линии кои не смеат да бидат поминати! Приказната за клубот на народот, крваво ја градеа илјадници луѓе и затоа нема да дозволиме никој да си поигрува со идентитетот на нашата борба! Воедно, упативме целосна поддршка до новиот шеф на стручниот штаб, Срѓан Захариевски и до целиот негов тим. Бараме само едно: БОРБА И САМО БОРБА! За крај, упатуваме апел до сите навивачи на клубот, паузата да ја искористиме за најголема комитска МОБИЛИЗАЦИЈА!“ – соопштија „Комитите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА