Најверните вардарови навивачи „Комитите“ денеска предизвикаа инцидент на натпреварот против Охрид од Втората лига – Запад на СРЦ „Билјанини извори“.
Како што пренесува „охридњус“, „Комитите“ во првото полувреме од мечот ја срушиле заштитната ограда од трибината на СРЦ „Билјанини извори“ која ги разделувала од неутралната публика и се судриле со охридските навивачи.
На сето тоа интервенираше и полицијата поради што и самиот натпревар беше во десетминутен прекин.
На крај, и Вардар потфрли во Охрид ремизирајќи без голови на теренот во меч во кој домашните беа поблиску до победата.
ФОТО: А. Момироска
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА