Битола утре ќе биде епицентар на македонската спортска сцена, бидејќи во „градот на конзулите“ ќе се одиграат две интересни средби, првата од фудбалскиот Куп на Македонија меѓу Пелистер и Вардар, по која ќе следи и големото ракометно дерби Еурофарм Пелистер – Вардар.
Навивачката група Комити сезонава секаде ги следи фудбалерите на Вардар во обид да се стигне до експресен камбек во елитното друштво, приврзаниците на „црвено-црните“ планираат да дојдат и во Битола, но се разочарани што нема да им биде дозволен влез на стадионот што се реновира.
„Жртви сме затоа што имаме големи срца. Баравме да им изградат стадион, а сега поради изградбата во тек, не ни е дозволено да присуствуваме на фудбал. Добро, ќе почекаме… Останува Ракометното дерби, кое доаѓа во лош момент за Вардар, по лошата серија и промената во стручниот штаб. Но ние сме Вардар и потребен е максимален фокус кон предизвиците кои следат. Одиме во Битола, според тоа како се одвиваат работите во моментов. На Вардар му треба поддршка“, објавија Комити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА